недела, 27 октомври 2024
Сообраќајна контрола

Во Општина Студеничани повеќето од запрените возачи немале возачка дозвола

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден, во периодот од 16 до 20 часот за време на сообраќајната контрола на територијата на оваа општина казнети се вкупно 46 возачи, од кои 27 возеле без возачка дозвола/

Осум возачи имале истечена возачка дозвола, а две возила се одземени бидејќи немале сообраќајна дозвола , односно, им била истечена сообраќајната дозвола и предизвикувале голема бучава. 

Кзни им се изреќени и на тројца возачи чии возила имале затемнети стакла без дозвола за тоа.

На сите прекршители, како што велат од МВР, им се изготвени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ