Т.К. (54) од селото Дедино, Општина Конче, се товари за убиство од небрежност.
Таткото и синот на 4 ноември биле во забранет лов на диви свињи. По наредба на судот, извршен е претрес во домот на Т.К. и одземени се предмети што се од интерес на истрагата. Локалните медиуми претходно објавија дека ловџијата загинал во несреќен случај. Првичната верзија на неговиот татко, кој случајот го пријавил на операторот 112, била дека несреќата се случила во момент кога неговиот син бил нападнат од дива свиња, додека ги напасувал кравите.
При пукањето, според зборовите на таткото, тој се самоповредил и бил пронајден во бессознание од неговиот татко. Подоцна од страна на итната медицинска помош е констатирана смртта. Оваа верзија на настанот потоа ја проверуваа полицијата и обвинитеството.