недела, 20 октомври 2024

Во недостиг од храна мечките стигнаа и во Дебар

Ловечкото друштво „Стогово-2“, во кое членуваат ловци од општините Дебар и Центар Жупа, денеска упати апел до жителите на двете општини да бидат многу внимателни, поради присуството на мечки во близина на населените места. Друштвото нагласува дека концесионерите не ги прихрануваат мечките и дека во потрага по храна се симнуваат во населени места.

Објавено на

часот

Сподели

„Апелираме до сите жители на Дебар и Центар Жупа, да бидат многу внимателни, особено оние кои одат на берба на костени, ореви или да собираат печурки, да не се движат сами и да изберат безбедна патека на движење покрај нивните земјоделски површини или доколку се движат во шуми. Ваква голема присутност на мечки до сега не е регистрирана во нашето подрачје, што оправдано предизвикува голема загриженост кај населението“, вели за МИА, Роланд Војника претседател на друштвото.

Додава дека недостигот на храна за дивите животни, е причина за нивно доближување до населените места.

„Немаат храна, концесионерите не вршат прихранување и по потрага по храна дивечот се доближува до населените места, и истовремено им ја зголемува и агресивноста. Имаме поплаки од поголем број граѓани, кои не можат слободно да одат на нивните имоти, сега кога бербата на костенот и оревот е во полн ек. Надлежните нешто мора преземат“, посочува тој.

Мечките во текот на летните месеци во општина Дебар, но и во поширокиот регион, уништија околу 200 пчелни сандаци, но за среќа немаше регистриран случај на напад од мечка врз човек. По пат тие причинуваа штети и врз земјоделските посеви.

м

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ