петок, 18 октомври 2024

Во напад на полициска станица во Иран загинаа 11 лица

Група сепаратисти во текот на ноќта упаднале во полициска станица во југоисточен Иран и убиле 11 лица, јави државната телевизија.

Објавено на

часот

Сподели

Неколку лица се повредени.

Заменик-гувернерот на провинцијата Систан и Балучестан Али Реза Мархемати рече дека полицијата убила неколку напаѓачи во судирот.

Државната телевизија објави дека напаѓачите биле членови на сепаратистичката група Џаиш ал Адл.

Во последните месеци, милитанти и мали сепаратистички групи во претежно сунитскиот регион напаѓаат полициски станици како дел од антивладиниот бунт.

Провинцијата Систан и Балучестан е една од најнеразвиените области во Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ