четврток, 31 октомври 2024

Во најголемите кинески градови е издадено предупредување за големи горештини

Објавено на

часот

Сподели

Кина се подготвува за уште една година со рекордно високи температури, кои би можеле да ги загрозат снабдувањето со електрична енергија, земјоделските работи и посевите и да ја забават економијата, се наведува во извештајот на Ројтерс.

Неколку кинески провинции уште во март се најдоа на ударот на топлотните бранови, а во провинцијата Јунан неодамна се измерени температури на воздухот над 40 Целзиусови степени, што резултираше со оптоварување на електричната мрежа бидејќи во милиони домаќинства беа вклучени клима-уреди.

Во изминатите неколку денови провинциите Шандонг и Пекинг издадоа предупредувања за топлински бран, а во градовите Чинан, Тјенџин и Џенгџоу се најавени температури до 37 Целзиусови степени.

Кинеската метеоролошка служба ги предупреди сите локални самоуправи во оваа година да се подготват за екстремни горештини.

Топлинските бранови повремено се појавуваат пред летната сезона, што е особено загрижувачко за земјоделскиот сектор.

Оштетените посеви би можеле да ги зголемат цените на храната и да ја влошат инфлацијата, што негативно би се одразило на кинеската економија, која настојува да се поправи од последиците од тригодишната политика на нулта толеранција на ковид-19, која го запре економскиот раст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ