петок, 18 октомври 2024

Во меч со пет сета Македонија загуби од Јапонија

Објавено на

часот

Сподели

По вчерашниот триумф над Израел во пет сета, Македонија повторно одигра меч со максимален број на сетови, за жал овојпат загубивме.

Јапонците го добија првиот сет со 25-23, но следните два сета беа наши. Вториот беше најубедлив на мечот, го добивме со 25-17 и израмнивме на 1-1. Најголема борба имаше во третиот сет кој го добивме со 32-30 и го свртевме резултатот во наша полза, поведовме со 2-1 во сетови.

Големата борба продолжи до крајот на мечот. Јапонија со 25-23 го доби четвртиот сет и израмни на 2-2. А во последниот ревашвачки сет Јапонците славеа со 15-13 и победија со 3-2.

Утре е ден за пауза на македонската репрезентација, а во недела играме уште еден меч против Израел.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ