Се чини дека Лестер до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок откако денеска загуби од Фулам.
Победата на домаќините ја најави Вилијан уште во десеттата минута, а само осум минути подоцна Карлос Винисиус зголеми на 2-0.
Пред крајот на првото полувреме Керни зголеми на 3-0, а истиот фудбалер по четири минути игра во вториот дел зголеми и на 4-0.
Лестер во 59. минута преку Барнс погоди за 4-1, а брзо потоа Варди промаши пенал.
Казната стигна во 70. минута кога Вилијан даде уште еден гол за убедливи 5-1.
До крајот Медисон и Барнс постигнаа голови за да го ублажат поразот и да ги постават конечните 5-3.