вторник, 22 октомври 2024

Во Куманово и Скопје поројни врнежи од дожд и грмежи, на ред се Пехчево и Берово

Во раните утрински часови територијата на Скопската котлина беше зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица. Поинтензивни врнежи имаше во подножјето на Скопска Црна Гора, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Од ЦУК наведуваат дека и Кумановската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и град, а во моментот нестабилна воздушна маса се движи кон градовите Берово и Пехчево. Се очекува дека Берово и Пехчево ќе бидат зафатени со нестабилна облачна маса проследена со силен пороен дожд, грмежи и град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ