четврток, 25 јули 2024

Во клиниката „Жан Митрев“ изведена е ретка хибридна операција   

Објавено на

часот

Сподели

Операцијата е изведена кај пациентката на возраст од 66 години во животнозагрозувачка состојба со хронична компликација – аневризма што довела до колапс на левото белодробие и проблеми со дишењето. Ова не е прва операција за неа. Претходно кај пациентката била направена итна операција за замена на коренот на аортата заради акутна Стенфорд А (Де Бејки тип 1) дисекција, со цел санирање на тогашното распукување (дисекција) на аортата и спасување на животот на пациентката.

Пациентката успешно се опоравува под постојан надзор од специјалистите на клиниката „Жан Митрев“.

Оперативниот зафат иако во медицината се практикува подолго време, во континуитет се унапредува со нови техники. Но, заради комплексноста на целиот процес и вклучувањето на различни интервенции и пристапи, ретко се применува. Успешноста на зафатот покрај специјалноста и комбинирањето на интервенции, во голема мера зависи и од употребата на најнови модели протези и примена на соодветни стратегии за заштита на миокардот, како и церебрална и висцерална заштита.

Наречен е хибриден зафат затоа што комбинира ендоваскуларен третман со класична операција со употреба на хибридна протеза и интердисциплинарен тим во состав: кардиохирург, интервентен радиолог, анестезиолог, перфузионист, инструментарка.

Ваквите операции за најтешко болните секогаш бараат брза реакција и истите со години наназад успешно ги изведува д-р Жан Митрев, соопштија од клиниката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ