Засега нема детали за жртви, но државните медиуми јавуваат дека „неколку ученици и возрасни се повредени и паднале на земја“, а неколку лица се пренесени во болница.
Возачот на белиот џип бил фатен од родителите и училишното обезбедување и предаден на полицијата.
Ова е трет напад врз толпа во Кина за една недела и предизвика загриженост за јавната безбедност.
„Десетина луѓе се повредени, некои од нив потешко, но за среќа брзата помош пристигна многу брзо“, изјави Жу, родител на едно од децата во училиштето, пренесе Би-би-си.
„Шест или седум родители го принудија возачот да застане. Дури и обезбедувачот беше соборен. Обезбедувачот е прилично стар, во своите 70-ти или 80-ти години и не можеше многу да направи“, рече тој.