петок, 18 октомври 2024

Во Карпош се планира зеленило, фонтана и игралиште да станат згради

Објавено на

часот

Сподели

Редакцијата на МКД.мк доби писмо потпишано од голем број жители на Карпош, кои за в среда пред Универзитетот за туризам и менаџмент, каде што треба да се одржи седницата на Советот на општината, најавуваат протест.

Според нив, ова е „криминална промена на урбанистички план во Општина Карпош од страна на сегашниот градоначалник Стевче Јакимовски“.

у

Писмото го пренесуваме во целост:

„Овој план содржи сервисна улица пред зградите од булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, од број 149 до фабриката ‘Реплек’. Тоа е зелениот појас кој почнува од спротива на старата болница ‘Систина’ до ‘Реплек’, преку улица на студенскиот дом ‘Гоце Делчев’. Тука има игралиште за деца и фонтана и шеталиште за жители од 17 згради.

ф

А зад зградите на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, т.е. на улицата ‘Јуриј Гагарин’ каде што има паркинг за зградите и куќите, во план е да се прави сервисна улица до ‘Реплек’.

с

Ова се прави со цел да се добие сообраќаен пристап за градежна парцела на која се наоѓа маркица за градење на 4 згради. Една зграда е со 11 ката и поткровје, една со 7 ката и поткровје и две згради со 6 ката и поткровје.

Се уништува зеленило со километри и се заменуваат паркинг места за 17 згради и 50 куќи со сервисна улица.

Прашања до градоначалникот Стевче Јакимовски и до советниците кои ќе гласаат за овој предлог – Дали за ова ве избравме? Дали го заслужуваме ова? Дали вреди за 3 згради и профит за два-тројца да се уништува животот на 3.000 жители од ‘вашата’ oпштина?

Утре ќе се поднесат потписи од огромна група на незадоволни граѓани за бришење на оваа точка од дневен ред, а воедно најавуваме и присуство на истите тие незадоволни граѓани на седницата на Општина Карпош в среда вo 10 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје“.

Од група на многу незадоволни граѓани на Општина Карпош

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ