сабота, 26 октомври 2024

Во Италија запленет имот на руски бизнисмен вреден 41 милион евра

Даночната полиција на Фиренца заплени имот вреден 41 милион евра од руски бизнисмен по барање на Специјалното антикорупциско обвинителство во Киев.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Запленетиот имот вклучува недвижен имот и акции на компании што биле стекнати со реинвестирање незаконски профит, објави Анса, повикувајќи се на извори во истражните органи.

Како што се наведува, рускиот бизнисмен, чие име не е соопштено, е под истрага за злосторства извршени во Украина, поврзани со корупција на јавни службеници, измама во износ од 60 милиони евра и перење пари.

Се верува дека бизнисменот, меѓу другото, стекнал голем и луксузен комплексен имот во градот преку доверителна компанија со седиште во Фиренца.

Меѓу запленетите средства се акции во компанијата со номинална вредност од три милиони евра и четири имоти во вредност од близу 38 милиони евра, велат извори од органите на редот.

Други детали сѐ уште не се соопштени.

Министерството за правда на Украина, врз основа на извештајот на Обвинителството, поднесе тужба до Високиот антикорупциски суд за воведување санкции за двајца руски олигарси и нивните најблиски кругови и конфискација на нивниот имот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ