Ова денеска го пренесе иранската агенција Тасним, повикувајќи се на изјавата на заменик-гувернерот на провинцијата Бушер, Акбар Пурат.
Јужен Парс е објект на брегот на Персискиот Залив кој се наоѓа во најголемото наоѓалиште на природен гас во светот, кое Иран го дели со Катар, пренесува Блумберг.
Работниците во енергетскиот сектор во Иран одржаа неколку штрајкови од октомври барајќи повисоки плати и подобри услови, што се совпадна со пошироките антивладини протести.
Агенцијата потсетува дека Иран ги обвинува САД и Израел за поттикнување на уличните протести, кои започнаа поради смртта на 22-годишната Махса Амини во полициски притвор.