среда, 23 октомври 2024

Во Грузија стапи на сила законот за странски агенти

Во Грузија денеска стапи на сила Законот за транспарентност на странско влијание или Законот за странски агенти, пренесе руски Интерфакс. На почетокот на неделава парламентарната опозиција во земјата поднесе барање до Уставниот суд за суспендирање на законот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Законот ги обврзува невладините организации и медиумите кои остваруваат повеќе од 20 отсто од приходите од странство да се регистрираат во Националната агенција за јавен регистар.

Законот наведува дека избегнувањето регистрација како организација која остварува интереси на странска држава привлекува парична казна од 25.000 лари (повеќе од 9.000 американски долари).

Законот беше донесен на 14 мај, а процесот беше проследен со низа протести во земјата. Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили стави вето на овој акт, но подоцна пратениците го усвоија со мнозинство гласови.

Точниот број на невладини организации во Грузија не е познат, но претседателот на владејачката партија Грузиски сон, Иракли Гарибашвили, рече дека ги има околу три илјади, од кои огромното мнозинство, како што рече, работат на сметка на странска финансиска помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ