петок, 18 октомври 2024

Во Франција се урна цела зграда, спасувачите поради пожарот не можат до луѓето (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот ги спречил спасувачите да тргнат во потрага по други можни жртви, а се сомнева дека уривањето на зградата го предизвикала експлозија, јавуваат француските медиуми.

„Постојат силни сомнежи дека експлозија го предизвикала колапсот на градбата, но во оваа фаза мораме да бидеме многу внимателни во врска со причините за несреќата“, кажа префектот на регионот Буш ди Рон, Кристоф Мирман, додавајќи дека причина би можела да биде експлозија на гас.

Огнот ги спречил и тренираните кучиња да ги пребаруваат урнатините во потрага по повредените.

„Се обидуваме да ја забрзаме акцијата бидејќи времето е битно, но кучињата не можат да ја издржат жештината“, кажал командантот на марсејските пожарникари Лионел Матје.

Локалните власти соопштија дека засега не се знае колку луѓе живееле во зградата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ