среда, 30 октомври 2024

Во експлозиите кај гробот на убиениот ирански генерал загинале најмалку 95 луѓе

Најмалку 95 луѓе се убиени и околу 140 се ранети во Иран по двете експлозии на четвртата годишнина од смртта на генералот Касим Сулејмани во неговиот роден град Керман, објавија државните ирански медиуми.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Толпата луѓе се движела по улицата кон гробот на Сулејмани кога одекнале двете експлозии на оддалеченост на само неколку стотици метри.

Дваесет и седум повредени се во критична состојба, пренесоа неколку ирански медиуми. Повеќе од стотина луѓе се оперирани во неколку болници. Претходните извештаи јавуваа за најмалку 103 убиени.

Иранската влада кажа дека станува збор за терористички напад. Засега никој не ја презема одговорноста. Терористички напади од вакви размери се исклучително ретки во Иран.

Сулејмани беше командант на иранските елитни сили Кудс и архитект на иранските воени операции на Блискиот Исток. Соединетите Американски Држави го ликвидираа во напад со дрон во јануари 2020 година во Ирак.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси побара од државните служби решителна реакција на нападот. „Нема никаков сомнеж, напаѓачите и наредбодавците на овој кукавички чин наскоро ќе бидат откриени и казнети“, истакна тој.

Нападот го осудија генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш и Европската Унија. САД им изразија сочувство на семејствата на жртвите и истакнаа дека не се вмешани во нападот и дека нема причина да се верува дека во нападот е вмешан Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ