сабота, 19 октомври 2024

Во Египет убиени двајца израелски туристи и египетски водич

Двајца израелски туристи и нивниот египетски водич се убиени денеска во египетскиот град Александрија, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Полицаецот кој наводно отворил оган во областа Савари во Александрија е во притвор, изјавија два египетски безбедносни извори под услов да останат анонимни.

Скај њуз јавува дека инцидентот се случил на местото на Помпејовиот столб.

Телевизискиот канал Екстра њуз, исто така, цитираше неидентификуван безбедносен функционер дека во нападот е рането уште едно лице, јави Би-би-си.

Ова е прв ваков напад врз Израелци во Египет во последните децении.

Престрелката следи еден ден откако исламистичката група Хамас го нападна Израел, што го натера Израел да вети „моќна одмазда“ како одговор. Убиени се стотици Израелци и Палестинци.

Според еден од египетските извори, полицаецот рекол дека изгубил контрола и пукал по случаен избор кон групата туристи откако бил испровоциран. Египет е првата арапска земја што ги нормализираше односите со Израел, но иако двете земји тесно соработуваат во областа на безбедноста и енергијата, многу Египќани, како и други низ арапскиот свет, сè уште се наклонети кон палестинската страна.

Шефот на египетската разузнавачка служба е во близок контакт со официјални лица од Израел и Хамас по избувнувањето на насилството, изјавија во саботата три безбедносни извори. Во јуни, тројца израелски војници и еден египетски полицаец беа убиени во инцидент кој траеше неколку часа во близина на границата со Египет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ