„Како партија, посветени сме борбата против корупцијата да не се претвори во битка за дневни и партиски интереси, туку да служи за откривање на вистината и спречување на овој штетен феномен. Оттука ги повикуваме сите политички партии, особено оние на власт, без одложување да се побара од меѓународната заедница мониторинг за сеопфатен ветинг на сите јавни функционери во последните 30 години. Овој чекор е клучен за зголемување на транспарентноста и враќање на довербата на граѓаните. Одбивањето на ова итно барање ќе покаже не само користење на лажни обвинувања за прикривање на вашата неспособност и коруптивност, туку и недостаток на храброст за соочување со вистината за корупцијата во земјата. Ги повикуваме политичките субјекти, меѓународната заедница да делува сега за да го поддржи овој процес“, стои во соопштението од ДУИ.
Во ДУИ се дискутира за „лажната пропаганда и обвинувањата за корупција на високо ниво“
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше средба со потесното раководство на партијата како подготовка за утрешниот состанок на централното претседателство. Од ДУИ соопштија дека на средбата е дискутирано, како што се наведува, „за лажната пропаганда и обвинувањата за корупција на високо ниво“.
Објавено на
часот