понеделник, 28 октомври 2024

Во доцните часови во клуб во Тетово имало 9 малолетници, кај малолетничка најдена дрога

Во интернет клуб во Тетово полицијата затекнала девет малолетници по што биле повикани нивните родители. Во градот е приведена малолетничка кај која е пронадјена марихуана, а потоа во нејзиниот дом и бела прашкаста материја. 

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на акциска полициска контрола, службеници од СВР Тетово во интернет клуб, сопственост на А.М. од Тетово затекнале 9 малолетници по законски дозволеното време. Малолетниците биле предадени на нивните родители, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

Од тетовската полиција информираат дека на ул.Илинденска била приведена малолетничка од Мала Речица кај која е пронајдена марихуана. Кога го претресле и домот во кој живее пронадјен е и кокаин.

„Во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетничката и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од СВР Тетово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ