четврток, 28 ноември 2024

Во Брисел нападнат амбасадорот на Азербејџан во НАТО

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата сопруга беа нападнати и ограбени рано утринава на познатата бриселска авенија Луиз.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тие се движеле по улицата кога биле нападнати од две лица кои ги следеле, пишува белгискиот весник Хет Нивсблад.

Според извештаите, еден од осомничените имал огнено оружје со кое ги удрил по главата и амбасадорот и неговата сопруга, која поради тоа обилно искрварила. По нападот и двајцата се пренесени во болница.

Во таа прилика биле украдени два часовници Ролекс со вкупна вредност од околу 90.000 евра.

Обвинителството во Брисел потврди дека е отворена истрага за инцидентот, но одби да даде дополнителни информации.

Официјално не е потврден ниту идентитетот на жртвите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ