среда, 23 октомври 2024

Во Бразил ајкули тестирани на кокаин, сите биле позитивни

Научниците тестирале ајкули во морето во близина на брегот на Бразил и откриле дека тие биле позитивни на кокаин. Истражувачите долго време сугерираат дека морскиот живот би можел да биде засегнат од дрогата што шверцерите ја фрлаат во водата. Тони кокаин се пронајдени во водите околу Флорида, Јужна и Централна Америка.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Студијата на фондацијата Освалдо Круз во Бразил откри докази дека ајкулите всушност се под влијание на дрога која го загадува океанот.

Научниците сецирале 13 бразилски остроноси ајкули (Rhizoprionodon lalandii) кои биле купени од мали рибарски чамци. Овој вид го поминува целиот свој живот во крајбрежните води и затоа најверојатно е изложена на загадување.

Сите 13 ајкули биле позитивни на дрога, со 100 пати повисоки концентрации од претходно пријавените за други водни суштества, откриле научниците.

Сепак, студијата вели дека полето на истражување е „многу ограничено“ и дека влијанието на кокаинот врз водниот живот не е целосно познато.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ