вторник, 22 октомври 2024

Во Битола се одржа „Вистинска парада на гордоста“

Истовремено со скопската парада на гордоста, вчера во Битола се одржа „Вистинска парада на гордоста”, јави Битолањуз.

Објавено на

часот

Сподели

Пред битолчани на плоштадот „Магнолија“ се обрати Игор Петковски, кој рече: „Браќа и сестри, ова е ‘Вистинска парада на гордоста’ која по трет пат се организира во Битола, а со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… ‘Вистинската парада на гордоста’ се организира според начелата за кои сме: дом, семејство, родители – мајка и таткo… Тука, по трет пат, сме собрани заради нашите најмили, нашите деца и за нивната иднина“.

По обраќањето битолчани одржаа и марш по Широк Сокак, кој заврши во градскит парк, каде имаше и други обраќања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ