понеделник, 28 октомври 2024

Во Битола приведени 11 лица, пронајдени дрога, оружје и пари

Во акција на полицијата во Битола, која од рано утрово траела до рано попладнево приведени се 11 лица. При претрес на повеќе домови и објекти на приведените пронајдени се дрога, оружје, муниција, пари и средства за производство на дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во периодот од 5.50 часот до 13.30 часот на подрачјето на Битола криминалистичката полиција на СВР Битола изврши 11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра.

д

При тоа, лишени се од слобода Б.П.(40), И.Ј.(42), В.М.(23), Н.К.(43), Г.Б.(35), Б.И.(31), К.Т.(47), Х.Г.(28), Р.М.(20), И.К.(22), В.К.(31)сите од Битола. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ