четврток, 24 октомври 2024

Во Бејрут е убиен оперативниот шеф на Хезболах

Оперативниот шеф на либанската милитантна група Хезболах Мухсин Шукр бил убиен во нападот на Израел на јужното предградие на главниот град на Либан, Бејрут, јавија израелскиот јавен емитер Кан и саудиската телевизија Ал хадат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Саудиската телевизија, повикувајќи се на неименивани избори, јави дека Шукр е убиен, што е спротивно на претходните извештаи, пренесува Тајмс оф Израел.

„Телото на Шукр сега се наоѓа во болница во Бејрут која е опкружена со безбедносен кордон“, наведува Ал хадат.

Претходно два безбедносни извори кажале за Ројтерс дека мета на израелскиот напад на Бејрут бил оперативниот шеф на Хезболах Мухсин Шукр, но дека тој не бил убиен.

Либански медиуми претходно јавија дека една жена загинала во нападот на Израел на бејрут, а дека повеќе лица се повредени, некои потешко.

Војската на Израел потврди дека извршила напад на Бејрут, а дека мета на нападот бил човекот одговорен за нападот на фудбалскиот терен во селото Маџидал Шамс на окупираната Голанска висорамнина, при што биле убиени 12 деца, пренесува Тајмс оф Израел.

Хезболах негираше одговорност за нападот, а Израел ги отфрли тие негирања и најави дека „силно ќе одговори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ