„Во Сана беа погребани телата на припадниците на вооружените сили убиени за време на бомбардирањето на американско-британската агресија“, пренесе агенцијата Саба, која ги објави и имињата на загинатите.
Американските власти во четвртокот вечерта објавија дека извршиле уште една серија напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети, лансирани од брод во Црвеното Море, врз позициите на бунтовниците Хути, кои контролираат големи делови од територијата на Јемен.
Американските беспилотни летала истрелаа проектили врз цели во областа под контрола на бунтовниците во Јемен, „бидејќи тие претставуваа непосредна закана“ за бродовите, објави американската воена команда на Блискиот Исток (Центком).
Во средата американската војска ги нападна и позициите на бунтовниците Хути во близина на Иран.
Хутите објавија во ноември дека ќе напаѓаат бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив за кои веруваат дека се поврзани со Израел, како знак на „солидарност“ со Палестинците во Појасот Газа, каде Хамас од октомври војува со Израел.
Нивните напади принудија многу сопственици на бродови да престанат да минуваат низ таа зона, низ која вообичаено минува 12 отсто од светската трговија.
Првиот сојузник на Израел, Вашингтон, кој ги означи бунтовничките Хути како терористи, во декември формираше мултинационална коалиција за заштита на поморскиот сообраќај.
Бидејќи таа коалиција досега не овозможи прекин на нападите на јеменските бунтовници, американските сили, понекогаш со британски сојузник, извршија неколку напади против Хутите во Јемен од средината на јануари.
Од 2014 година Хутите војуваат против владата во Јемен, сиромашна земја на Арапскиот полуостров.