петок, 25 октомври 2024

Внукот на Али Ахмети, Лимани предложен за министер за социјална политика

Собранието на Движењето Беса вечерва одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик-министер за култура и туризам, соопшти партијата на Биљал Касами која е дел од коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Собранието на Движењето Беса денеска на состанок едногласно ги избрало кандидатите за членови во новата Влада, кои треба да бидат избрани во Парламентот.

„Собранието на Движењето Беса одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик-министер за култура и туризам“, соопшти партијата на Биљал Касами која е дел од коалицијата Вреди.

Во соопштението од Беса наведуваат дека на состанокот се разговарало за приоритетите и заложбите на партиските кадри во идната влада при што едногласно било утврдено дека „партиските претставници во Собранието и во извршната власт без компромис ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма – борбата против криминалот и корупцијата, реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и економски развој на државата“.

Инаку, Фатмир Лимани е внук на Али Ахмети, но и голем критичар на работата на ДУИ и на лидерот на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ