недела, 24 ноември 2024

Внуката на градоначалникот на Чучер Сандево незаконски е унапредена во МВР, обвини Синдикатот на македонската полиција

Синдикатот на македонската полиција преку соопштение денес извести дека откриваат нов скандал со избор на, како што велат неподобни кадри кои се унапредуваат во Министерството за внатрешни работи без исполнување на условите кои ги налагаат законите и систематизацијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Лице од тесна фамилијирана спрага внуката М.К на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево, која и од пред некој ден е унапредена со решение на министерот, во командир на ПО Мирковци при СВР Скопје и тоа во  спротивност на законските прописи, без соодветно високо образование и работно искуство од  само 5 години рабтен стаж. Исто така за  новопоставената командирка се пријавени притисоци кои се вршат од нејзина страна  кон полициските службеници за изнуда на парична средства а за кое и за одреден баран  износ од 250 евра,  и се доставени соодветни докази од испраќање на пораки преку социјални мрежи, со прикажано одредување и предупредувања  од претпставената  кон  секој полицаец каде и колку треба да остави парични средства  во папка за командирката. Ваквите кадри се срам и понижување за сите вработени во МВР“, се вели во соопштението на Синдикатот на македонската полиција.

Во прилог на ова писмено известување за јавноста, велат дека сакаат да му укажат на министерот за внатрешни работи на недоследности, незаконски и непрофесиначни унапредувања со кои продолжува праксатаза партизирање раководни кадри, а кои наместо истите да запрат, создаваат уште поголемо незадоволство кај полициските службеници како вработени во МВР.

Испратија и скриншот фотографии од пораки со кои, според Синдикатот на македонската полција се потврдува вршење на притисоци и изнуда на парични средства  преку  испратени пораки на вибер кон полициските службеници на кого им е претспоставена новата командирка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ