среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не го решава статусот на вработените со договор на дело во здравството, од утре сите по дома

Објавено на

часот

Сподели

„Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по помпезните најави за вработување кадар со договор на дело предупреди дека се предизборно и манипулативно најавени и се уште едно во низата лажни ветувања кон здравствениот кадар дадени од оваа Влада.

Па така, деновиве здравствени работници со договор на дело во Здравствениот дом Скопје и на скопските клиники останаа без своите работни места, како заслуга за пожртвуваноста и нивните натчовечки напори да се справат со секојдневните предизвици во здравствениот систем.

ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже што значи вистинска грижа за медицинскиот кадар давајќи фокус на унапредување на статусот на здравствените работници и нивно задржување во Македонија“, се вели во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ