среда, 23 октомври 2024
Владеачката партија ѝ врати на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема партиски назначувања во надзорниот одбор на МЕПСО

Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиески, Анастасија Илиеска се назначени за надзор во МЕПСО. Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиески, реагираа денеска од владеачката ВМРО-ДПМНЕ откако претходно портпаролката на СДСМ, Боганка Кузеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ целосно го партизирала МЕПСО. Сепак од ВМРО-ДПМНЕ не појаснуваат дали имињата на Иван Иванов, син на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и на Анастасија Илиеска сопругата на ТВ водителот Богдан Илиески се истите имиња кои се назначени за членови на управниот одбор на МЕПСО.

Објавено на

часот

Сподели

Во СДСМ расколот е очигледен, покрај тоа што мешаат роднини и јавно излегуваат на говорница и прозиваат луѓе, почнале и меѓусебно да се местат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прес конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести. Филипче, Кузеска и останатите фотелјаши функционери ја донесоа партијата СДСМ пред целосен колапс. Лошиот пиар на Венко Филипче ќе ја доуништи и така веќе уништената и поразена СДСМ“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак од владеачката партија не појаснуваат дали имињата на Иван Иванов, син на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и на Анастасија Илиеска сопругата на ТВ водителот Богдан Илиески се истите имиња кои се назначени за членови на управниот одбор на МЕПСО.

Министерството за транспорт и врски како единствен акционер во МЕПСО вчера соопшти дека ги назначило новите членови на Надзорниот одбор на компанијата. Надозрниот одбор пак, завчера ги именува и новите членови на управниот одбор, а тоа се, Бурим Љатифи кој воедно е и новиот генерален директор на МЕПСО, Александар Пауноски кој ќе биде заменик директор и членовите Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ