„Дополнително, Пендаровски говореше дека нема да потпишува закони кои ја зголемуваат работната недела на 60 часа, но во рок од неколку дена како ‘попче’ ги потпиша измените на законите поврзани со изградбата на коридорите. Овие измени според експертите значат загрозување на работничките права, ама за Пендаровски тоа не е проблем и уште дрско им порача на сите ако сакаат нека се жалат на Уставен суд.
Ете тоа е Пендаровски. Заборави на ветената транспарентност и потребата договорот да се даде на увид на јавноста. Ставот му траеше додека од Мала Речица или од Бихаќка не му испорачаа нов. Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Ставот на Пендаровски и за коридорите зависеше од интересите на ДУИ и СДС
Објавено на
часот