понеделник, 25 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ доставувале штетен мазут за време на енергетската криза

Во време на тешка енергетска криза СДС и ДУИ  и поранешното раководство на ЕСМ прекршувале закони, заобиколувале постапки и допуштале низа пропусти сѐ со цел сопствен профит, се наведува во денешното соопштение на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Уште еден скандал констатиран на ДЗР во ревизија на работењето на ЕСМ за период од 2019 до 2022 година каде се утврдени низа нерегуларности. Раководството на претпријатието од СДС не ги спроведувало јавните набавки согласно закон. ДЗР констатира дека при набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, ЕСМ раководството толерирало низа пропусти на доставувачот, кој ги немал секогаш задолжителните залихи, доцнел со испораката и не ја почитувал динамиката. Дополнително ЕСМ и покрај тоа што не добивала мазут како што било предвидено во договорот, во два наврати склучува анекси со истиот добавувач, со што ја зголемува вредноста на дoговорот. На штета на јавниот интерес на Македонија, на стопанството и граѓаните раководството на ЕСМ толерирало испорака на мазут со примеси на голем број нечистотии, со што се предизвикале дефекти во мазутната станица“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали СДСМ и ДУИ играле игри со цената на мазутот во време на енергетска криза за остварување на сопствен профит? Поради кои причини раководството на ЕСМ толерирало неквалитетен мазут и лоша испорака? Кои се причините и зошто два пати анексирале договор? Колку јавни повици СДСМ и ДУИ злоупотребиле на штета на интересот на Македонија и граѓаните и за чиј интерес работело поранешното раководство на ЕСМ, а на штета на државниот интерес во време на енергетска криза?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ