ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја остави државата без пилоти и со стари возила и технички средства
СДС пироманска, камен на камен не оставија, државата е оставена без пилоти и со стари возила и технички средства. Седум години двата авиони за гаснење на пожари не беа во функција и беа без пилоти. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го промени. Седум години СДС не инвестираше во возила за гаснење на пожари и во технички средства. Седум години, секое лето државата се пеплосуваше, а СДС не мрдна со прст. Кога беа најголемите пожари, државата доби помош дури од Австрија, а Заев како премиер се сончаше и не дојде во Македонија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС ја донесоа државата до раб. ВМРО-ДПМНЕ сега од ништо прави нешто, ја крева државата од пепелта во која ја оставија СДС“, се вели во партиското соопштение.
ТОП ВЕСТИ