„Филипче потрча со статус на фејсбук да си ја тргне мувата од капата, но џабе, и малите деца знаат дека СДС е помалиот брат на ДУИ. Сите криминали кои ги правеше ДУИ нема да беа возможни без СДС.
СДС да кажат што планираат со ДУИ и дали целта е да се заштитат од одговорност за сторените криминали и ограбената држава?
И СДС и ДУИ треба да знаат дека насилство и безредие нема да им помогне, напротив и за тоа ќе треба да одговараат и да се соочат со последиците на сопствените дејства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.