понеделник, 25 ноември 2024
Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на СДСМ за неодговорно задолжување се неосновани

Обвинувањата на СДСМ за наводното коцкање со државните интереси се целосно неосновани и неточни. Новата влада за разлика од криминалната клика на СДСМ и ДУИ води одговорна и транспарентна економска политика, насочена кон подобрување на животниот стандард на сите граѓани, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното соопштение на СДСМ во врска со заемот од Унгарија.

Објавено на

часот

Сподели

@Договорите со нашите меѓународни партнери се внимателно планирани и анализирани за да донесат долгорочни придобивки за државата. СДСМ нема право да зборува за економски прашања кога токму нивната политика доведе до финансиски колапс и задушување на економскиот развој на нашата држава. СДСМ ја задолжи и ја ограби Македонија, ја оставија државата на колена и не оставија никакви дела зад себе. Тие се симбол на криминал, корупција и распродажба на државните интереси.

Сите одлуки и договори на владата за разлика од хаосот на СДСМ и ДУИ се донесуваат во согласност со законските процедури и Уставот на Република Македонија. Обвинувањата на СДСМ за ‘султански’ методи се крајно непристојни и целосно неточни. Владата, за разлика од порано, цврсто се залага за транспарентност и отчетност во секој свој потег. За разлика од времето на СДСМ, кога одлуките се носеа без консултации и транспарентност, ние работиме во интерес на сите граѓани. СДСМ ја остави државата на колена, без јасни и транспарентни процедури и сега немаат апсолутно никакво морално право да ни држат лекции за тоа како се води државата.

Обвинувањата за неодговорно задолжување се неосновани и се резултат на дезинформации. Ние се задолжуваме под многу поволни услови, секогаш водејќи сметка за интересите на граѓаните и државата. За разлика од времето кога СДСМ беше на власт и кога каматните стапки беа прекумерно високи, ние постигнавме значително подобри услови за задолжување. СДСМ, додека беше власт ја задолжуваше и ја ограбуваше државата со камати поголеми од 7%. Тие немаат право да зборуваат за финансиска политика кога нивната неспособност ја доведе државата до финансиски крах. Ние напорно работиме да го стабилизираме финансискиот систем и да ја вратиме довербата на меѓународните финансиски институции.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на своите обврски и задачи и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата. Ние сме тука за да осигуриме мир, стабилност и просперитет за сите наши граѓани и за нашата иднина во НАТО и во меѓународната заедница“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ