вторник, 26 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада ќе одвои 800 милиони евра за македонското земјоделство

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство. Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието, соопшти партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидени се средства за стимулирање на осигурувањето на земјоделските поседи и посеви. Ќе се одвојат значајни средства за водоснабдување, реконструкција и изградба на системи за наводнување.

Како круна на целиот систем во земјоделството ќе биде изградба на откупно дистрибутивни центри, со што ќе се реши еднаш засекогаш проблемот со откупот.

Земјоделието ќе биде во врвот на приоритетите на идната влада. Тоа ќе генерира приходи за десетици илјади семејства, како и за државата.

Време е Македонија да ја вратиме на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ