понеделник, 25 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС ќе зборува за наводни криминалци прво да заметат во својот двор

Кога СДС политиката ја гледа низ призма на аквариумска риба со помнење од три минути и сака да освои ситни поени преку ниски страсти ќе одржи прес конференција каде ќе нападне свој довчерашен сопартиец и ќе излаже дека екс осуденик станал директор на затвор, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по прес конферецијата на Методија Илиевски од СДСМ кој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски немаат кадри па луѓе што лежеле затвор и кои имаат кривични пријави ги назначиле за в.д. директори на затвори.

Објавено на

часот

Сподели

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ е истата таа партија која молчи кога партискиот кадар Филип Андов Сокол и директор на затворот Шутка му ги собира затворениците Управата за извршување санкции додека тој ги пушта.

„Истата партија каде Ден Дончев беше реформски кадар кој ги наполни џебовите и ја дувна во Австралија, или пак главен коалициски партнер и сродна душа во политиката им е ДУИ каде главни ликови се Артан Груби, внучето на Ахмети Дрин, и самиот Ахмети. Зошто СДС и Филипче не кажат збор за тоа што лиценците за игри на среќа се доделени на две фирми, од која едната струмичка блиска директно до Вице Заев, се доделени со потписот на Артан Груби. Ете така здушно функционира пљачкачката банда СДС – ДУИ. Кога следен пат ќе зборуваат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор, патем и нека уклучат шмрк. Се има наталожено доста“, се наведува во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ