понеделник, 25 ноември 2024
Реакција

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Подгответе се за одговорност

 

Објавено на

часот

Сподели

„СДС е партија управувана од неврохирургот на кланот Заеви, во која главни се бандити, а не политичари. Нивното нечовечко и бескрупулозно однесување, без елементарна чувствителност за состојбата во која ја доведоа државата и граѓаните, е доказ за нивната неспособност и корумпираност.

Подгответе се за одговорност.

Вакви плитки, необмислени инстант соопштенија, напишани од преостанатите службеници во партијата која забрзано ја напуштаат луѓе секој ден, нема да ве спасат од одговорноста која следува. Народот гледа што се случува.

Народот знае дека не сте ја научиле елементарната лекција по историскиот, најголем пораз што го доживеавте на изборите. Затоа, нека не ве чуди доколку на следните избори наместо катастрофалните 180.000 гласови, ќе имате под 100,000.

Времето на СДС заврши.

Оваа влада ќе ја врати правдата и одговорноста во државата, и тоа многу брзо“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ