„Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ.
Дополнително никој не знае како е избрана фирмата Леонардо, и зошто не се изберени другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум.
Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави.
Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада.
Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.