„Дали Филипче го платил со свои пари или друг го купил за него. Доколку друг го купил зошто му го дал на Филипче и дали може да се доведе во корелација со некој тендер или можеби со фирма или поединец кои имале бенефит од власта“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Владеачкта партија бара ДКСК да отвори случај и да ги истражи сите детали, по што, како што велат од таму, мора да следува и соодветна постапка.