„Ако визијата на ДУИ е да се иселат над 150 илјади Албанци од државава колку што се иселени изминативе 20 години додека ДУИ е на власт тогаш јака визија имаат. Ако визијата е притоа милијардери да станат десеттина луѓе од раководството и уште стотина милионери, тогаш треба да ја патентираат визијата.
Ако визијата е да ги урнат институциите од внатре и да ги пљачкаат злоупотребувајќи ја власта моќта и довербата на нивните гласачи, тогаш јака им е визијата. Ако визијата им е да станат зелени откако ги решиле сите етнички прашања, без притоа да дадат еден проект за животна средина и една проевропска реформа, тогаш јака им е визијата. Поради визијата на ДУИ над 70 проценти од Албанците во државава живеат тешко и едвај поминуваат месец, работат макотрпно, а трудот не им се исплати додека овие од ДУИ со визијата се богатат екстремно.
И конечно, ако е визија тоа што ДУИ ги има во скут криминалците од врвот на СДС и ги уценува да не можат да мрднат или кажат нешто нормално или да се спротистават на тоа што врвот на ДУИ ѝ го прави на земјава, тогаш е тоа е вистинска визија.
ДУИ планира агресивно делување за заштита на сопствениот криминал, во тоа ќе бидат помогнати од нивни измеќари, како овие од СДСМ. Ахмети очигледно не ја научил лекцијата дека не треба да го потценува ВМРО-ДПМНЕ и дека сè што прави еден ден ќе му се удри од глава. Како што му се удри уривањето на принципот на коалицирањето „победник со победник“, кој тој го наруши во 2017-та.
Нема да дозволиме една криминална банда да ја киднапира иднината на сите граѓани на земјава и постојано кога нема да е на власт и кога ќе треба да се соочи со правда, да подбуцнува тензии во државата. Македонија е членка на НАТО и е демократска држава во која мора да владее правото.
ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за сите чесни членови на ДУИ и за сите од други партии и етнички заедници, за чија иднина и добробит сме подготвени да работиме посветено и пожртвувано.
Македонија е заедничка држава и нема да дозволиме заедно бандити и криминалци од партиите да ја држат во заложништво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.