вторник, 23 јули 2024

Влезот на Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата, смета германскиот пратеник Хакер

Објавено на

часот

Сподели

Германскиот Бундестаг недвосмислено ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет, вели во изјава за Дојче веле пратеникот на Либералите (ФДП) Томас Хакер. Како дел од парламентарното мнозинство, Хакер е еден од иницијаторите на резолуцијата на германскиот парламент за Северна Македонија која деенска ќе се најде на дневен ред на Бундестагот.

Со оваа резолуција Бундестагот сака да ја охрабри Македонија да го спроведе компромисот со Европската унија од летото 2022 година, вели Хакер, алудирајќи на договорот за вметнување на Бугарите во Уставот. 

Германскиот пратеник нагласува дека влезот на Македонија во Европската Унија (ЕУ) е во интерес како на Германија, така и на Унијата.

Спроведувањето на компромисот нема да доведе до загуба на македонскиот јазик, култура и идентитет, како што стравуваат некои политички експонирани личности во Македонија, смета Хакер. Според него, исполнувањето на договорот ќе му овозможи на Скопје да го отвори првиот преговарачки кластер, а тоа, како што посочува, „е од клучно значење”.

Во резолуцијата за која ќе гласа германскиот Бундестаг се дава поддршка за европската иднина на Македонија, признание на македонската култура, идентитет и јазик, како и серија препораки за владата во Берлин. Меѓу другото, од сојузната влада се бара да влијае врз Бугарија да не го кочи пристапниот процес на Македонија кон ЕУ и да не поставува дополнителни услови. 

Хакер  вели дека Македонија е единствен пример во регионот за целосна подготвеност за евро-атлантската интеграција. Затоа со резолуцијата се бара и пристапниот процес кон ЕУ да се направи „поиновативен“.

„Ваков каков што е веќе со години, не може да продолжи. Затоа, на Северна Македонија и на другите земји кои искрено се залагаат за членство во ЕУ, мора да им понудиме атрактивни меѓучекори. Предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која сака да овозможи поблиско поврзување со земјите од Западниот Балкан со планот од четири точки, оди во вистинска насока“, вели смета Хакер.

Според него, таквите чекори се должност кон земјите од Западниот Балкан, а особено кон Македонија, затоа што „уште сега е видливо дека кредибилитетот на ЕУ во некои земји не е бескраен“.

                                                                                                                                      Фото: ДПА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ