понеделник, 28 октомври 2024

Владата воспостави системско решение за раст на плати во јавниот сектор, реагира МФ на штрајкот на ДИЦ

Министерството за финансии (МФ) по повод штрајкот на вработените од Државниот испитен центар (ДИЦ), со кој бараат зголемување на платите, вели дека Владата воспоставила системско решение со кое се овозможува континуиран раст на платите на сите вработени во јавниот сектор. Државниот испитен центар денеска го обнови штрајкот кој беше ставен во мирување во мај оваа година.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите вработени во администрацијата, вклучително и вработените во Државниот испитен центар, имаат статус на административни службеници и правото на плата го остваруваат согласно Законот за административни службеници, со кој се воспостави системот за раст на платите“, велат од Министерството за финансии.

Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ денеска на прес-конференција кажа дека штрајкот продолжува поради недобивање на задоволителен одговор од Министерството за финансии за покачување на платите на вработените во оваа институција, односно нивно изедначување со платите на наставник ментор. Потенцираше дека платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор за околу 26 вработени.

Бошковска потенцира дека нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници, а се загрозува и спроведување на матурата.

„Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети“, рече Бошковска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ