понеделник, 25 ноември 2024

Владата прави обид да го декласифицира договорот со „Бехтел и Енка“

Премиерот Мицкоски, одговарајќи на седницата на пратенички прашања во Собранието, нагласи дека договорот со „Бехтел и Енка“ e класифициран, но се проверуваат сите можности и се прават напори тој да се декласифицира за да може да се покаже пред македонската јавност.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа би била можност јавноста да  увиди дека сè што тој претходно зборувал е точно.

„ ‘Бехтел и Енка’ е класифициран документ. Ги проверуваме сите можности договорот со ‘Бехтел и Енка’ да го декласифицираме и да ѝ го покажеме на македонската јавност. Но, она што можам да го кажам дека сите оние основани тврдења што ги имавме во опозиција се точни. Сите“, кажа од собраниската говорница, премиерот Мицкоски.

Мицкоски кажа дека како Влада имале две опции  – од кои едната да се прекине изградбата и да се плаќаат пенали, исто како што се плаќале пенали за сите претходни договори и концесии коишто СДСМ и ДУИ ги укинале и долговите што ги оставиле; или да продолжи со работите и да се гради.

„Како Влада имавме две опции или да излеземе од проектот, да останат овие 350 милиони долари кои што се платени и да платиме неколку стотини милиони оштета откако ќе завршиме арбитражен спор во судот во Лондон по британско, шкотско ирско, велшко законодавство, не по наше континентално и да извадиме уште неколку стотини милиони евра за сето тоа кое што ќе биде досудено како казна. Сега мораме ние да плаќаме за такви слични спорови, за концесиите што ги укинувавте како за Казан Дол . Исто како што сега ги плаќаме долговите во ЕСМ, 5 милијарди денари плаќаме долгови. Исто како што ги плаќаме долговите за друг дел од коридорот 8, делницата од Кичево до Охрид – 80 милиони долари, неплатени фактури од ноември 2023 година на изведувачите. Пред банкрот ги доведовте, ама провизиите биле наплатени. Некој ги наплатил, дали сте вие или некој што е во оваа сала, некој ги наплатил. За тоа се погрижиле авансно и за тоа истражуваме. Немојте да мислите дека тоа ќе остане така неистражено. Сè ќе истражиме и сè ќе излезе на виделина“, дециден е Мицкоски.

Премиерот Мицкоски вели дека првата средба со Бехтел ја имал во Вашингтон каде што замолил да не се плаќаат пенали од стотици милиони евра, потенцирајќи дека пред една недела започнала официјалната работа за изградба на коридорите. За разлика од претходно, сега се решени неколку имотно-правни односи, со расчистена траса и како што рече има отворен фронт за да се започне со работа.

„Ние одлучивме да работиме. Првата моја средба со „Бехтел“ ја имав во Вашингтон и тогаш молев, бидејќи согласно договорот луѓето требаше веќе да ни наплатат неколку стотици милиони евра пенали. И да, молев и ќе молам ако треба секој денар да го заштедам на граѓанинот. Ќе молам и не се срамам, но знам сум направил нешто добро. И што направивме сега заедно со потпретседателот на Владата, директорот на ЈПДП со претставници на компанијата и со меѓународната заедница, излеговме на истото тоа место каде што се пукаа петарди за да ја означиме официјално трасата со отворен фронт од околу 11 километри што ќе можат да се работат, со неколку решени имотно – правни односи, со расчистена траса, сè како што треба да личи еден проект “, му порача Мицкоски на Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ