вторник, 22 октомври 2024

Владата положи цвеќе во спомен на бранители кај Љуботенски Бачила

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за одбрана, венци беа положени и на спомен обележјата на загинатите бранители во село Љубанци, во Општина Ѓорче Петров и во Волково.

Владина делегација, предводена од советникот за одбрана на премиерот Василевски положи цвеќе и оддаде почит и пред спомен обележјето на загинатите бранители кај Љуботенски Бачила, каде цвеќе положи и делегација на Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

с

Цвеќе беше положено и пред спомен обележјето на загинатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров и пред спомен обележјето во Волково, каде почит оддадоа владината делегација, предводена од советникот на премиерот Василевски и делегацијата на Министерството за одбрана предводена од началникот на Генералштаб на Армијата, генерал потполковник Ѓурчиновски.

На низата одбележувања на овој настан, почит оддадоа бројни делегации, меѓу кои делегација од кабинетот на претседателот на Македонија, претставници на локалната самоуправа, делегации на политички партии, како и членови на семејствата на загинатите бранители.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ