петок, 18 октомври 2024

Владата планира пари за набавка на лекот за болните од цистична фиброза

Објавено на

часот

Сподели

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за здравство за давање согласност за преземање обврски, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства за набавка на комбинирана терапија со лекот кјафтрио (Kaftrio) и лекотКалидеко (Kalydeco) за пациентите со цистична фиброза.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата дала согласност за преземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во 2024 и 2025 година на Министерството за здравство, за набавка на ваквата комбинирана терапија, во вкупна вредност од 854.549.942,40 денари.

„Се работи за лек што e одобрен од Европската медицинска агенција, а ефектот од терапијата, според информацијата од Министерството за здравство е брз, значителен и одржлив и се користи како стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза на возраст над шест години“, се појаснува во соопштението од Владата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ