понеделник, 21 октомври 2024

Владата измени закони за да им се зголемат платите на обвинителите и судиите

Владата ги утврди предлозите за измени во Законот за јавнообвинителска служба и во Законот за судска служба.

Објавено на

часот

Сподели

Со предложените измени и дополнувања, како што е образложено од предлагачот, Министерството за правда, врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 41/22), се вршат соодветни измени на Законот за јавнообвинителска служба, при што минималната плата е утврдена како компонента на основната плата. Со предложените измени на Законот за јавнообвинителска служба се предлага трансформирање на минималната плата од компонента на основната плата – во дополнителни бодови за звање.

Утврден е и текстот на предлогот на закон за изменување на Законот за судска служба, на предлог на Министерството за правда, со истата цел.

Односно, со предложените измени и дополнувања, врз основа на законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија”број 41/22), се вршат соодветни измени на Законот за судска служба, при што минималната плата е утврдена како компонента на основната плата. Со предложените измени на Законот за судска служба, се предлага трансформирање на минималната плата од компонента на основната плата – во дополнителни бодови за звање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ