недела, 20 октомври 2024

Владата ги усвои промените во Законот за спорт, државата ќе дели ваучери за спортистите

На вчерашната седница Владата го разгледа и го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спорт предложен од Министерството за правда во кој главните промени беа поврзани со распределбата на ваучерите.
 

Објавено на

часот

Сподели

Наместо досегашната пракса кога средствата за ваучери се обезбедуваа од приватни компании кои дел од данокот на добивка можеа да уплатат на спортистите или спортските друштва, државата реши дека подобро е таа директно да ги дели парите. 

„Владата го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спорт предложен од Министерството за правда.
Со предложените решенија се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво вонашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво.
Аналогно на измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка во делот на даночното намалување/поттикнување, во Законот за спортот се предвидува даночно поттикнување за спортките субјекти со воведување на ваучерски систем согласно кој точно ќе бидат утврдени надлежностите на спортските субјекти и органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, како и самата процедура при издавање на ваучери.
Законот ќе се достави во Собранието и ќе се носи по скратена постапка“,
стои во соопштението од македонската Влада.

По изгласувањето во Собранието законот ќе стапи на сила.

Засега нејасно е само колку средства ќе издвои државата за ваучерите. Досегашната сума беше 10 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ