среда, 23 октомври 2024

Владата ги објави платите, премиерот има 140.450, министрите 115.540 денари

На официјалната веб-страница на Владата се објавени платите на актуелните членови на Владата. „Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на претседателот на Владата, замениците на претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, порачуваат од Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Највисока е платата на премиерот Христијан Мицкоски – 140.450 денари, односно околу 2.280 евра.

Останатите вицепремиери и министри земаат нето-плата по 115.540 денари (1.870 евра). Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зема дополнителни 20 отсто во износ од 24.865 денари заради извршувањето на таа функција, па неговата плата изнесува 140.405 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ