четврток, 24 октомври 2024

Владата донесе одлука да се испрати помош во Словенија

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно одлуката, се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на НАТО, доставено од страна на Република Словенија“, соопшти владината прес-служба. 

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.

„Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи“, се наведува во соопштението од Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ