На концертот ќе настапат млади инструменталисти од музичките училишта од Македонија и Србија во пијано придружба на Марија Вршкова. На програмата се дела од Крајслер, Виењавски, Бакланова, Кабалевски, Сен-Санс, Барток, Де Фаља и др.
Организатор на фестивалот е виолинистот и концерт-мајстор на Филхармонијата Владимир Костов.
„Идејата да се одржи ваков фестивал кој треба да прерасне во традиционален, е желбата да се презентираат на едно место младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст. Фестивалот ги обединува успесите на учениците, нивните достигнувања, капацитетот, квалитетот и талентот, претставувајќи го притоа и развојот на педагошката дејност во Македонија“, вели Костов.